ОЧАЈНО ПРВО ПОЛУВРЕМЕ: Вардар губи 8 разлика од ПИК Сегед

Вардар е на голем тест на гостувањето кај ПИК Сегед и го очекуваат уште 30 пеколни минути, по кои ќе се знае дали „црвено-црните“ ќе обезбедат место на фајнлфор турнирот во Келн. По првото полувреме во Сегед, домаќините имаат предност од 17:9. По првиот меч во Скопје, Вардар славеше со 31:23, што значи дека ја загуби позитивата, кога се гледа вкупниот биланс.

Македонскиот првак добро започна и поведе со 4:3 по првите неколку минути. Сепак, тогаш ПИК Сегед направи одлична серија од 4:0 и стигна до 7:4. Во 12 минутиа беше 8:6 за ПИК Сегед, а домаќините со серија од 3:0 стигнаа до 11:6, а веќе во 27 минута беше 15:7 за унгарскиот првак, што значи дека за помалку од едно полувреме Унгарците ја аниулираа негативата од Скопје. ПИК Сегед водеше и со 16:7, а по пауза од осум минути, Вардар преку Криштопанс го даде осмиот погодок, а до крајот на првиот дел разликата остана осум разлика.

Криштопанс и Карачиќ со по 3 гола се најефикасни кај Вардар, а Скубе даде два гола. Бомбач со 6 погодоци е прв стрелец кај ПИК Сегед.

 

- Оглас -

Најнови вести