Очекувано: Голот од центар на Шик е најубав на ЕП (видео)

Патрик Шик ја доби наградата за најубав погодок на Европското првенство. Неговата мајсторија од центар во победата на Чешка против Шкотска доби повеќе од 800 илјади гласа од страна на фановите и сосема заслужено е награден за неговото ремек-дело.

Шик на тој меч беше двоен стрелец, со голот од центар во 52-рата минута ја потврди победата на Чесите за први три бода во групната фаза, а голгетерот на Леверкузен до крајот на турнирот заби пет погодоци и беше втор најдобар стрелец на шампионатот.

Шик во конкуренцијата за најубав гол доби повеќе гласови од Инсиње, Де Бројне, Погба и Модриќ.

- Оглас -

Најнови вести