Очигледно во Италија ќе биде најкритично да продолжи фудбалот

Додека најголем дел од фудбалските првенства се подготвени да продолжат по долгата принудна пауза, во Италија уште е голема неизвесност што ќе се случува со Серија А. Италија беше првата земја во Европа зафатена од опасниот корона-вирус, а последиците уште се чувствуваат.

Челниците на италијанскиот фудбал се полни со оптимизам дека првенството ќе продолжи, но денеска стигна информација дека во редовите на Болоња има сомнителен случај на корона-вирусот.

Во Болоња фудбалерите тренираа раздвоени во помали групи, a тврдењата се дека член од стручниот штаб е заразен. Ако се потврди тоа, тогаш групата на играчи кои биле во близок контакт со заразениот ќе мора да одат во изолација.

- Оглас -

Најнови вести