Очила за сонце и капа, дел од забранетите работи за финалето на Копа Либертадорес

Јужноамериканската конфедерација извади листа на забранети работи кои навивачи не смеат да ги користат, односно внесат на стадион за време на финалето на Копа Лиертадорес. Спектаклот во кој ќе се одреди најдобриот клуб на Јужна Америка ќе се одржи во Лима, Перу, на 23 ноември, а на стадионот „Монументал“ силите ќе ги одмерат актуелниот првак Ривер Плејт и бразилски Фламенго.

Со цел да се избегне било каков инцидент, а воедно забавата на трибини да не биде нарушена, навивачите кои ќе бидат под дејство на алкохол или наркотици не ќе можат да влезат на стадион. Ова е логичен потег на КОНМЕБОЛ, но во продолжение изненадуваат останатите предмети кои се наведени како забранети.

На стадион не ќе може да се влезе со очила за сонце, ниту пак капа, како и каиш, додека сите оние кои планираат да носат транспаренти или знамиња не смеат да бидат поголеми од 150 сантиметри и без држачи, односно шипки.

- Оглас -

Најнови вести