Од 38.000 пријавени, на маратонот во Токио се појавија само 200 учесници

Етиопскиот атлетичар Бирхану Легесе втора година по ред победи на Маратонот во Токио, овојпат имаше време од 2 часа, 4 минути и 15 секунди, и тоа е за 17 секунди послабо од рекордот на патеката кој го држи Вилсон Кипсанг Кипротич од 2017 година.

Но, маратонот во главниот град на Јапонија делуваше тажно, на стартот се појавија само околу 200 маратонци. Стравот од коронавирусот си го направи своето. Организаторите на настанот кој во нормални услови привлекува над 35 илјади души во маратон и полумаратон, решија да го ограничат бројот на учесници поради ризикот од заразување.

И жителите на Токио не беа во голем број по улиците да им дадат поддршка на маратонците, а оние што сакаа да гледаат, шетаа со маски.

Во Јапонија има речиси 1.000 заразени од вирусот.

 

- Оглас -

Најнови вести