Од 515 одиграни меча, два беа наместени

Некогашниот романски напаѓач Лорел Данчиулеску призна дека во богатата играчка кариера морал да биде дел и од наместени мечеви. Данчиулеску е фудбалерот кој е рекордер по бројот на одиграни мечеви во елитниот романски фудбал, а е и втор најдобар стрелец во историјата на Динамо Букурешт. Играше и за Стеауа, а пред седум години ја заврши кариерата.

На едно телевизиско гостување, голгетерот призна дека два меча кои ги играл биле наместени.

„Од 515 натпревари кои ги имав одиграно, два беа наместени. Едниот беше додека играв во Динамо, а вториот во дресот на Стеауа. Двата немаа влијание на поредокот на табелата, но мораше да завршат нерешено“, откри Данчиулеску, чија кариера траеше точно 20 години.

По ова признание на Данчиулеску, во Романија се очекува да се отвори истрага околу нови наместени дуели.

 

- Оглас -

Најнови вести