Од анонимус, со добри игри на Мундијалот до понуда вредна 40 милиони евра

Репрезентацијата на Мароко беше најпријатното изненадување на Светското првенство во Катар и стана првата африканска земја која стигна до полуфинале на планетарниот собир. Еден од оние играчи кои блеснаа на Мундијалот беше и Азедин Онахи.

Играчот од средниот ред е член на францускиот Анже, кој е последнопласиран во Лига 1. Младиот 22-годишен Онахи се најде во фокусот на неколку поголеми клубови, а најсериозен е англискиот Лестер. Според реномираниот весник „Л’Екип“, челниците на Лестер би биле подготвени да платат и до 40 милиони евра за трансфер на овој играч од екипа која е на дното во француското првенство.

На Мундијалот во Катар, Онахи беше стартер на првите шест меча, а единствено на последната средба, против Хрватска во борба за третото место, влезе како резерва и ги одигра последните 35 минути. Онахи вкупно на СП одигра дури 570 минути, во кои и го покажа целиот свој потенцијал.

- Оглас -

Најнови вести