Од Атлетико порачаа дека Реал може да сонува за шампионски шпалир на „Ванда Метрополитано“

Атлетико Мадрид и Реал Мадрид в недела од 21 часот ќе се соочат во големото дерби на Ла Лига, а како што е добро познато, по ова коло Кралскиот клуб и официјално стана шампион на Шпанија.

И додека голем број од клубовите во оваа држава му честитаа на Реал за титулата, такво нешто нема уште од градскиот ривал, а претседателот на Атлетико, Хозе Марија Хименез, изјави:

„Нема да има никакви почести за Реал Мадрид пред натпреварот од проста причина што ние ги цениме нашите фанови и нивното мислење, а тие велат дека ‘Реал може да сонува за шампионски шпалир на Ванда Метрополитано’. Од мене честитки кон Реал за освоената титула, но свечености пред натпреварот нема да има“.

Додека Реал утревечер го игра реваншот од полуфиналето од Лигата на шампионите, на Атлетико ќе му биде потребна победа во градското дерби со цел да се осигури пласманот во ова натпреварување и идната сезона.

- Оглас -

Најнови вести