Од Атлетико се жалат дека судијата со играчите на Локомотив зборувал „руски“

Фудбалерите на Атлетико Мадрид, Анхел Кореа и Хозе Хименес, на полувремето од синоќешниот меч со Локомотив Москв, изразија незадоволство од тоа што судијата со гостинските играчи разговарал на руски јазик.

Вистината е малку поинаква. Судијата Славко Винчиќ е Словенец, сонародник на Јан Облак, но на играчите на Атлетико им се причини дека тој со Железничарите зборувал руски. Многу поверојатна варијанта е дека зборувал српски.

„Судијата е многу лош, со нив зборува на руски“, рече Кореа, на што Хименес одговори дека навистина е така и дека не им е пријатно што судијата зборува на „ист јазик“ со играчите на Локо, а во Атлетико не го разбираат.

Тогаш Саул Њигес дојде до неговите соиграчи и им порача дека над нивните глави има камера со микрофон која го снима разговорот. Хименес погледна кон камерата и тука заврши „озборувањето“.

- Оглас -

Најнови вести