Од Баерн порачаа дека Кејн е исклучок, немаат намера за други играчи да даваат толку пари

Купувањето на фудбалери за сума од околу 100 милиони евра колку што потрошија за доведување на Хари Кејн, нема да биде навика на Баерн Минхен, вели претседателот на Баварците, Херберт Хајнер.

„Ваквата сума која ја дадовме за Кејн е исклучок. Заинтересирани бевме и за Деклан Рајс, но не сакавме да го купиме под условите кои се бараа. Ние немаме големи спонзори или држава која стои зад нас и ни дава пари. Не сакаме да влегуваме во долгови и трошиме колку што имаме. Убедени сме дека Хари може да игра на високо ниво уште многу години“ – рече Хајнер.

- Оглас -

Најнови вести