Од Барселона го демантираат скандалот во кој е вмешан и претседателот Бартомеу

По скандалозните тврдења на шпанските медиуми дека претсетаделот на Барселона ангажирал ПР агенција да шири дезинформации за голем дел од ѕвездите на клубот, како и противкандидати за претседателските избориод таборот на шпанскиот првак се огласија преку соопштение во кое демантираат каква било поврзаност со контроверзните информации.

„Цврсто стоиме зад нашиот демант и отфрламе каква било поврзаност за наводна соработка со одредена компанија за ширење дезинформации и говор на омраза за споменатите личности кои се вмешани во ситуацијата. Наведената компанија нема никаква поврзаност со клубот, а со оглед на обвинувањата, ќе ги преземеме сите мерки за да ја сочуваме нашата репутација. Во идниот период бурно ќе се следат сите информации кои се шират на социјалните мрежи поврзани со нас, без разлика дали се позитивни или негативни. Исто така ќе реагираме доколку во иднина клубот се спомене во слична ситуација без поддржани информации со докази, а воедно сакаме да се исправи грешката на медиумите“, свои во соопштението.

https://twitter.com/FCBarcelona/status/1229412968812732422

- Оглас -

Најнови вести