Против Вардар најави дека ќе биде тренериште, сега е пред портите на Борусија Дортмунд

Марко Розе ќе се пресели од Борусија во Борусија и според германските медиуми, ќе биде новиот тренер на популарните Милионери од Дортмунд.

Еден од најдобрите тренери во Германија и сегашен кормилар на Борусија Менхенгладбах е топ-пик за наследник на Лусиен Фавр, кој доби отказ во Борусија Дортмунд. Трансферот веројатно ќе се случи во зимскиот преоден рок, а Борусија Менхенгладбах според најавите во германските медиуми веќе бара алтернатива за тренерската позиција.

Розе ја почна тренерската во родниот град Лајпциг, како тренер на Локомотива, а потоа се пресели во Салцбург, Австрија, и со младиот тим за играчи до 19 години приреди вистинска сензација со триумф во Лигата на шампионите за млади играчи во сезоната 2016/17.

На патот до титулата, талентираните Бикови играа со Вардар и го добија двомечот со 8:0, со триумф на свој терен од 5:0 и потоа во Скопје со 3:0.

Потоа предводен од одличниот стратег, Салцбург редум ги елиминираше гигантите Манчестер сити, ПСЖ, Атлетико Мадрид и Барселона, а ја надигра и Бенфика со 2:1 во финалето, освојувајќи ја титулата по досега најтешкиот пат откако се игра ЛШ за играчи до 19 години.

Сензационалниот триумф му беше одлична препорака на Розе да го преземе сениорскиот тим на Салцбург во 2017 година и повторно имаше големи успеси.

Со Биковите во првата сезона стигна до полуфиналето во Лигата на Европа и голот што го примија од Марсеј во 116-тата минута од продолжението на реваншот во Австрија ги спречи да играат финале со Атлетико Мадрид.

Следната година испаднаа во четвртфиналето од Наполи, а Розе се пресели во Германија, во Борусија Менхенгладбах, тим со кој го освои четвртото место во Бундеслигата и обезбеди настап во Лигата на шампионите.

Со Розе како тренер, Гладбах ја мина и фазата по групи и денеска ја чека ждрепката за осминафиналето што ќе се одржи во Нион од 12 часот, а и веројатно неговиот иден клуб, Борусија Дортмунд, е меѓу најдобрите 16 екипи во Лигата на шампионите.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести