Од Букурешт ни почнува мундијалскиот сон, Македонија има свои шанси за поволен резултат

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20:45 часот) стартува со квалификациите за Светското првенство кое ќе се одржува во Катар во 2022 година. Првата пречка на нашите Рисови е фаворизираната Романија, против која во Букурешт на националната арена“ ќе ги одмериме силите по пауза од една деценија, или по повеќе од 16 години од последниот дуел од натпреварувачки карактер.

Романците бележат перфектен учинок во четири квалификациски средби против Македонија, со две домашни и две гостински победи, додека нашата селекција во јуни 2010 година со голот на Шиков се радуваа во пријателската пресметка. Од тогаш се сменети генерациите, а Македонија првпат како пласирана репрезентација на ЕП, ќе го почне поголемиот сон, а тоа е пласман на Мундијалот.

Во двете гостувања кај Романците, Македонија успевала да го најде патот до нивната мрежа. Поразите од 4-2 од 1997 година, и 2-1 од 2004 година се резултати на кои селекторот Игор Ангеловски може да изгради тактика за полесно да се пробие бедемот на домаќините.

Со нијанса подобра форма Македонија влегува во натпреварот, само поразот од Ерменија од Лигата на нациите е лош резултат во последните 10 натпревари, во кои Пандев и дружината издвоија шест победи и три ремија. Романците имаат далеку послаб учинок. Во последните 10 меча петпати загубија, победуваа против Норвешка, Белорусија и Австрија и бележат две ремија против Северна Ирска.

Настапот во Букурешт воедно ќе биде тест за Македонија, бидејќи на тој стадион играме два од трите натпревари од групната фаза на ЕП, па затоа се очекува Ангеловски на теренот да излезе со најдобрите 11 кои му се на располагање.

Пандев и Несторовски да го предводат нападот, зад нив Елмас ќе биде врската меѓу најистурените и средниот ред во кој би командувале Барди и Николов. По крилните бековски позиции стандардно се Алиоски и Ристовски, додека тројката дефанзивци пред Димитриевски треба да бидат Бејтулаи, Муслиу и Ристевски, кој го менува повредениот Велковски, сето тоа пресликано во формација 3-4-1-2.

Најавени тимови:

Романија: Ницу, Могош, Кирикеш, Бурча, Камора, Марин, Станчу, Ман, Хаџи, Михаила и Пушкаш.

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Бејтулаи, Муслиу, Ристевски, Ристовски, Алиоски, Николов, Барди, Елмас, Несторовски и Пандев.

Од вчера до денес има промени во коефициентите за овој натпревар. Во Sport Life, „двојката“ на Македонија падна од 5.60 на 3.75, додека Романија повеќе не е голем фаворит ако се знае дека „кецот“ се зголеми од 1.77 на 2.15. Тоа значи дека имаме шанси за поволен резултат.

- Оглас -

Најнови вести