Од ФА купот испадна тимот чиј сопственик е холивудска ѕвезда

Екипите на Барнли, Флитвуд, Гримзби и Шефилд јунајтед обезбедија пласман во осминафиналето на најстарото англиско клупско натпреварување, ФА купот.

Шефилд јунајтед со 3:1 го совлада тимот на Рексам, чиј сопственик е познатиот холивудски актер, Рајан Рејнолдс.

Шефилд до пласманот во осминафиналето дојде со голови дадени во судиското продолжение, Шарп во 94-тата минута погоди за 2:1, а конечниот резултат го постави Сандер Берге во шестата минута од судиското продолжение.

Претходно, Ахмедхоџиќ во 50-тата минута погоди за 1:0, а единствениот гол за Рексам го постигна Малин во 59-тата минута. Во осминафиналето, Шефилд јунајтед ќе игра против Тотенхем.

Убедлив триумф од 3:0 оствари Гримсби во дуелот против Лутон, додка Флитвуд со 1:0 го победи Шефилд вензди. Барнли благодарение на голот на Тела во 94-тата минута, со 2:1 го победи Ипсвич и се пласира во осминафиналето.

- Оглас -

Најнови вести