Од Хетафе се пофалија околу можен ангажман на Бејл, агентот на Герет мангупски ги отфрли шпекулациите

Герет Бејл од јули ќе биде слободен играч и може да бира каде ќе ја продолжи кариерата. Главна улога во тој избор ќе биде минутажата која би ја добивал велшкиот офанзивец со цел да ја одржи формата во пресрет на Мундијалот во Катар.

Покрај изненадувачката опција да го облече дресот на Кардиф, Бејл се поврзува и со преселба во редовите на Хетафе бидејќи наводно сакал да остане во Шпанија.

Поточно, претседателот на Хетафе вчера се пофали дека агентот на фудбалерот го контактирал да разговараат околу потенцијален ангажман, меѓутоа претставникот на Бејл на мангупски начин ги отфрли шпекулациите.

„Јас немам ниту број од тој човек“, изјавил агентот на Бејл, а пренесе Фабрицио Романо, добро познатиот италијански новинар за фудбалски трансфери.

Се чини дека по оваа изјава авантурата на Бејл во Шпанија и дефинитивно е завршена, но летото е долго и ситуацијата може да се смени.

- Оглас -

Најнови вести