Од Хетафе во Валенсија: Бордалас е нов тренер на Лилјаците

Валенсија го потврди ангажманот на Хосе Бордалас, досегашниот тренер на Хетафе, чијшто потпис го обезбеди за наредните две години. Бордалас потпиша до јуни 2023 година, со можност соработката да се продолжи на уште една сезона.

Бордалас во кариерата има над 500 натпревари како тренер во шпанскиот фудбал. Своето знаење го покажа во Хетафе водејќи ја екипата до највисок пласман во клупската историја. Во сезоната 2018/19 Хетафе заврши на петтото место и беше блиску до пласман во Лигата на шампионите, додека во Лигата на Европа стигна до 1/16-финалната фаза каде што загуби од Интер.

Со доаѓањето на Бордалас се најавува нова ера на „Месталја“, откако шпанскиот гигант потона во финансиска криза поради пандемијата со корона-вирусот, загуби доста клучни фудбалери, па со Хави Грасија го оствари максимумот во сезоната која е зад нас со пласман на 13-тото место во Ла Лига.

 

- Оглас -

Најнови вести