Од играњето пред празни трибини ќе има и такви кои ќе имаат ќар

Фудбалските натпревари кои ќе се играат без присуство на публика ќе им ја олесни работата на судиите, тоа го тврди еден од водечките германски арбитри Даниел Зиберт. Според најавите, во Германија ќе продолжат натпреварите во Бундеслигата, и тоа без присуство на публика. Најавено е дека публика на трибините нема да има до крајот на оваа година.

„Мечевите без публика ќе бидат дефинитивно различни, но тоа сигурно ќе им ја олесни работата на судиите. На теренот ќе биде тивко и ќе се слушаат сите оние кои ќе зборуваат. Судиите имаат изострен слух и уште полесно ќе може да проценат во одредена ситуација дали има прекршување на правилата. Нема да има и скандирање од навивачите, што исто така го намалува притисокот врз судиите“, анализира Зиберт.

Се очекува Бундеслигата да биде една од првите кои ќе продолжат по двомесечниот прекин поради корона-вирусот.

- Оглас -

Најнови вести