Од каде ја извади – Велемајсторска асистенција на Карапалевски, Гурбиндо ја награди со вртена топка (Видео)

Мартин Карапалевски и Едуардо Гарбиндо прекрасно соработуваа меѓу себе на мечот меѓу Вардар и Загреб, а акцијата што ја изведоа во средината на второто полувреме е најубавата на дербито меѓу старите ривали.

Карапалевски иако беше фаулиран, ја продолжи акцијата со одлична асистенција до Гурбиндо, а искусниот шпански волк од крилна позиција со вртена топка ја погоди мрежата на Загреб и го награди потегот на својот соиграч.

Вардар го победи Загреб со 24:20 и ќе патува на реваншот на 31 август со четири гола предност во обид да се пласира на фајналфор турнирот во СЕХА-лигата што ќе се игра во Задар.

https://twitter.com/SEHALeague/status/1430985589462085636?s=20

Карапалевски игра на позицијата среден бек, има 21 година и е голема перспектива за Вардар и за македонскиот ракомет. Гурбиндо е долгогодишен репрезентативец на Шпанија и летово го засили нашиот првак, а вечерва против Загреб го играше и првиот меч во „црвено-црниот“ дрес на својата стандардна позиција како десен бек.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести