Од каде ли го извади шутов? Турчин даде луд кош (Видео)

Капитенот на турскиот кошаркарски прволигаш Газијантеп, Џан Угур Огут, даде кош каков што ретко се гледа. Во победата на неговиот тим против Бахчешехир, Огур го даде најинтересниот кош сезонава во турската лига.

Во средината на првата четвртина, Огут дојде до линијата за три поени, но немаше кому да ја додаде топката, времето за напад истекуваше, и тој мораше да се снаоѓа. Сам си обезбеди простор за еден од најнеобичните шутеви кои се видени. За негова среќа, не само што не им ја подари топката на противниците, туку успеа да даде кош. Огут ја газеше линијата за три поени, па затоа ова беше само двојка.

Погледнете:

 

- Оглас -

Најнови вести