Од киксот со Евертон, Ливерпул е во неверојатна серија

По нерешените 0-0 против Евертон на 3 март, во мечот кој се покажа како кобен за шампионските амбиции на Ливерпул, тимот на Јирген Клоп како да се налути и од тогаш во Премиер лигата има 23 победи и една нерешена на 24 меча. Дека не му го заборавија тоа на Евертон, Црвените покажаа синоќа, кога за првпат по 37 години му дадоа пет гола во градското дерби.

Црвените имаат 70 бодови од максимум можни 72. Единствениот нерешен исход им беше против Манчестер јунајтед на гости.

Дека титулата им се смешка и најверојатно ќе заврши 30-годишното чекање, потврдува уште еден податок. Досега само три тима во историјата на англиското првенство имале 14 победи и реми по првите 15 кола. Тоа им успеало само уште на Тотенхем од сезоната 1960/61 и на Манчестер сити од 2017/18. И Тотехнем и Сити во тие сезони станаа шампиони.

- Оглас -

Најнови вести