Од лошо нафрлување до случајно добар гол (видео)

Кајл Вокер му го отвори патот на Манчестер сити до четвртфиналето во ФА купот со случајно постигнатиот погодок за водство од 1-0 на гости кај второлигашот Свонси.

Англискиот бек во обид да нафрли во опасната зона, испрати лошо додавање кое се претвори во случајно добар погодок во 30-тата минута.

https://twitter.com/EmiratesFACup/status/1359564166541975555

Сити како голем фаворит во овој меч веќе ја потврдува таа улога и доколку нема изненадување на стадионот „Либерти“, ќе им се приклучи на Манчестер јунајтед и Борнмут во четвртфиналето од најстариот фудбалски Куп на светот.

- Оглас -

Најнови вести