Од менаџер на Вест хем и Њукасл, до технички директор на ЦСКА Софија

ЦСКА Софија вчера го именуваше Алан Пердју за нов технички директор. Англискиот стратег првпат се наоѓа во оваа улога, а воедно ќе ја извршува должноста и како спортски директор, што значи дека ќе биде одговорен и за ангажманите на екипата.

Пердју тргна во нова интересна авантура иако главно тренерската кариера, која му почна во 1998 година, му се одвиваше во родната Англија. Од менаџер на Вест хем и Њукасл, стигна да раководи во бугарскиот клуб, а минатата сезона беше тренер на холандскиот прволигаш Ден Хаг.

Пердју со менаџирање почна во Ридинг, а покрај Вест хем и Њукасл, работеше уште во Чарлтон, Саутхемптон, Кристал палас и ВБА.

- Оглас -

Најнови вести