Од Молде се премислија и велат: Солскјер треба да се врати кај нас

Тренерот Оле Гунар Солскјер, кој како привремено решение го води Манчестер јунајтед, има валиден договор со норвешкиот клуб Молде, а сега од Молде велат дека очекуваат тој да им се врати по завршувањето на сезонава, иако пред еден месец имаа поинаков став и му посакаа на Солскјер да ужива во Англија.

За позајмицата на Солскјер во траење од 6 месеци, „црвените ѓаволи“ на Молде ќе му платат дури 8 милиони фунти. Норвешката фудбалска легенда изјавуваше дека нема намера да се врати во Молде и дека од таму му посакале среќа и да ужива во работата. Но, од Молде сакаат да ги расчистат нејаснотиите и сметаат дека нема потреба од нови преговори со Оле Гунар.

На клупата на Јунајтед, Солскјер има одличен учинок во Премиер лигата и во ФА купот, а единствениот пораз му е во Лигата на шампионите, од Пари Сен Жермен. Вечерва Манчестер јунајтед гостува кај ПСЖ во реваншот од осминафиналната фаза и може да му заврши сезоната во елитното европско натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести