Од најмлад играч, до најголема измама – Муки од Индија заборави да пријави 12 години

Гурав Муки два месеци беше запишан во историјата на индискиот фудбал како најмлад играч само со 16 години што настапил на меч од тамошното првенство.

Во октомври тој играше за Џамшедпур против Бенгалуру и стана медиумска ѕвезда со светла перспектива. Но, новинарите на „Телеграф Индија“ истражуваа и открија дека талентот всушност нема 16, туку 28 години. И претходно во 2015 година веќе бил казнет за обид за измама.

Пред три години Муки пријавил дека има 16 години и се обидел да се најде во составот на репрезентацијата на Индија за играчи до 17 години што играше во претквалификациите за Светско првенство. Тогаш бил суспендиран, но повторно измамата му успеа годинава, кога лажно стана најмладиот фудбалер што настапил во индиското првенство со 16 години и заборавени уште 12.

Откако ја открија новата измама, Муки е суспендиран на шест месеци, а можно е дополнително да добие доживотна забрана за играње фудбал во Индија.

- Оглас -

Најнови вести