Од нив може многу да зависи: Познати судиите за мечевите во ЛШ

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ги делегираше судиите за првите мечеви од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Утревечер ќе играат Ливерпул – Порто, а главен судија ќе биде Антонио Мигуел Матеу Лахоз. Вториот меч, кој е закажан за утре, е англиската пресметка меѓу Тотенхем и Манчестер сити. Честа да ја дели правдата на новиот стадион на лондончани ќе ја има холандскиот арбитер Бјорн Којперс.

Во среда се игра големото дерби меѓу Манчестер јунајтед и Барселона, а на центарот на „Олд Трафорд“ ќе се појави Џанлука Роки. Последниот меч е меѓу уште два некогашни европски прваци. На „Амстердам арената“ Ајакс ќе биде домаќин на Јувентус, а судија ќе биде Дел Черо Гранде.

Сите мечеви започнуваат во 21 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести