Од Њукасл најавуваат: Сакаме да ја освоиме титулата!

Со доаѓањето на новите сопственици, во англискиот клуб Њукасл амбициите нагло пораснаа. Газдите од Саудиска Арабија и Јавниот инвестициски фонд со вкупен капитал од 320 милијарди фунти сега се 100-процентни газди на премиерлигашкиот клуб. Њукасл преку ноќ стана најбогатиот клуб во светот, а новата извршна директорка Аманда Стејвли најавува дека наскоро ќе дојдат и титулите во клупските витрини.

„Њукасл заслужува да биде на врвот во Премиер лигата. Сакаме да стигнеме таму. Ќе биде потребно време, но ќе стигнеме до таму. Горди сме што сме дел од Премиер лигата, која е најсилна во светот, па затоа Њукасл сакаме да го направиме најдобриот тим во светот. Јасно е дека сакаме да освојуваме трофеи, но потребно е трпение, инвестиции и време. Полека ќе го градиме клубот да дојде на врвно ниво“, рече директорката Аманда.

Колку за споредба, капиталот на Јавниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија е 15 пати поголем од капиталот што го има Шеикот Мансур од Манчестер сити, кој е втор најбогат газда на еден фудбалски клуб.

 

- Оглас -

Најнови вести