Од обложувалниците и казината во буџетот на РМ завршиле дури 253 милиони евра за 2018 година

Повеќе од една четвртина милијарди евра е сумата со која индустријата за приредување игри за среќа учествува во локалните и во републичкиот буџет на Македонија во 2018 година. Ова го потврдија од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) по сумираните резултати од работењето на своите членки и субјекти кои се дел од индустријата за приредување игри за среќа.

Влеаните 253 милиони евра во буџетот всушност прокажуваат дека оваа економска гранка учествува со 4 отсто во БДП на земјата. Со овие бројки само се потврдува дека приредувачите на игри на среќа го прават подобар бизнис-амбиентот во Македонија.

„Директните приходи кои државната каса на Македонија ги има од индустријата на игри на среќа минатата година изнесуваа 135 милиони евра, што е 12 отсто повеќе од 2017 година. Благодарение на индиректните приходи од ДДВ, локалните такси, придонеси и данок на плати, данок на закуп на локали… јавниот буџет во 2018 година беше зголемен за 118 милиони евра, што претставува пораст од 41 отсто на продонесот на индустријата на игри на среќа во стопанството на Македонија“, изјави Васко Илијевски, кој е претседател на АСОМ.

Во оваа индустрија има вработено околу 7.700 луѓе, а одржува уште работни места во другите стопански гранки, што значи дека индустријата за приредување игри за среќа подржува речиси 54.000 работни места. Ако се додадат и членовите на семејствата, тоа значи дека од оваа стопанска гранка директно или индиректно во Македонија егзистираат над 200.000 луѓе. За плати на своите вработени, компаниите од индустријата за приредување игри за среќа издвојуваат околу 32 милиони евра, а за пензиско и здравствено осигурување на државата се плаќаат 11 милиони евра.

Асоцијацијацијата на спортски обложувалници на Македонија неодамна ја потврди својата грижа за општеството. За трагедијата во која загинаа 14 лица во автобуската несреќа на патот Скопје – Тетово, за семејствата на настраданите беа донирани 1.200.000 денари.

- Оглас -

Најнови вести