Од различни агли, различно изгледа – Погледнете колку е добар ВАР-системот (Видео)

Саша Калајџиќ е јунакот на Штутгарт и со два гола го спаси тимот од пораз против Унион Берлин, а токму при вториот гол што го постигна во 90-тата минута се потврди колку е добар ВАР-системот.

Судијата Штегеман првично ја прифати сугестијата на својот помошник дека Калајџиќ играше со рака, па го поништи голот за 2:2, но потоа одлучи да ја провери ситуацијата со помош на модерната технологија и покажа на центарот.

И навистина, првично од еден агол изгледа дека напаѓачот на Штутгарт ја смири топката со рака и потоа постигна гол, но од различен и подобар агол изгледа многу подобро и се виде дека стрелецот на двата гола за домашниот тим ја смири топката со рамо.

Голот за израмнување на 2:2 погледнете го ОВДЕ.

 

 

- Оглас -

Најнови вести