Од сезона на соништата Ливерпул може да заврши со кошмар, но има надеж

Екипата на Шефилд јунајтед е едно од најпријатните изненадувања сезонава во Премиер лигата. Тимот предводен од тренерот Крис Вајлдер беше на седмото место со 43 бодови и меч помалку од петопласираниот Манчестер јунајтед, кој има 45 бодови.

Во Англија е се поверојатно дека Премиер лигата нема да продолжи до почетокот на јуни, а Вајлдер вели дека првенството треба да се доигра без разлика дали е тоа со публика или пред празни трибини.

„Не сакаме да ги играме останатите мечеви без публика, но ако само така може да се заврши сезоната, тогаш така нека биде. Сезоната треба да заврши без разлика колку ќе биде потребно да се доиграат мечевите. Воопшто не е добра идејата да се замрзне ова првенство“, вели Вајлдер.

Според моменталната ситуација, Ливерпул е лидер со 82 бода, пред Манчестер сити со 57 бодови и Лестер со 53 бодови. На Ливерпул доволно му се да освои уште шест бода за да може и официјално да биде прогласен за првак.

- Оглас -

Најнови вести