Од тајфунот зависи каква Ф1 трка ќе има на Сузука

Официјалните квалификации и трката за големата награда на Јапонија во Сузука треба да се возат утре наутро, доколку временските услови го дозволат тоа. Тајфунот кој ја зафати Јапонија, им прави големи проблеми на организаторите на трката. Саботната програма во која обично се вози тренингот, беше откажана бидејќи немаше услови за одвивање на квалификациите, па затоа целиот фокус е насочен кон утрешниот ден.

Патеката Сузука е посебно значајна за Макс Ферстапен од Ред Бул. Тој во 2014 година, токму таму ја возеше својата прва трка во Ф1 кариерата.

Имајќи предвид дека е можно да има лоши временски услови, тоа значи дека и аутсајдерите имаат шанса да ќарат нешто, а пилотите на Мерцедес, Ферари и Ред Бул нема да бидат среќни како доколку беше суво и сончево.

- Оглас -

Најнови вести