Од УФЦ потврдија: Ќе има нов меч меѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор

Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор во 2020 година повторно ќе се најдат во октагонот на меѓусебна пресметка. Првиот човек на УФЦ, Дан Вајт, вели дека само еден услов е потребен за да се организира нов спектакл. За да има нов меч Хабиб-Конор, двајцата борци треба да ги добијат следните борби.

Мекрегор по пауза од повеќе од една година, ќе се бори против Доналд Керон, додека во април е мечот меѓу Хабиб и Тони Фергусон.

„Ако Конор го победи Доналд, а Хабиб ја одбрани титулата против Фергусон, ќе гледаме дуел меѓу победниците од двете борби“, потвди Вајт.

Првиот меч меѓу Хабиб и Конор беше во октомври 2018 година, а Нурмагомедов во четвртата рунда го натера Мекгрегор да го предаде мечот. Дури и по завршување на борбата, следуваше мешаница во која учествуваа повеќе луѓе од таборите на двајцата борци.

https://youtu.be/wxC0PpD093I

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести