Од времето на Фергусон нема некој што прави толку притисок кон судиите како Клоп

Познатиот англиски судија Марк Клатенбург во својата колумна за „Дејли мејл“ реши да го коментира однесувањето на тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп. Стратегот на англискиот првак во последно време постојано ги коментира судиските одлуки, а неодамна се жалеше дека Ливерпул добил драстично помалку пенали од Манчестер јунајтед.

„Очигледно дека Клоп е многу загрижен кога веќе почна да игра на картата наречена судење. Тој веќе подготвува притисок за Пол Тирни, кој ќе биде арбитер на дербито против Манчестер јунајтед во недела. Точно е дека Манчестер јунајтед има добиено повеќе пенали од Ливерпул и бидејќи искоментира нешто што е факт, нема да биде казнет. На сите им е јасно дека Клоп сака да потенцира дека судиите се наклонети кон Манчестер јунајтед, а неговите играчи симулираат пенали. Првото не е точно дека судиите се наклонети кон Манчестер, а тоа дека фудбалерите сакаат да симулираат пенали е делумно точно. Манчестер сезонава доби 11 пенали, од кои шест беа чисти, додека на останатите пет нивните играчи едноставно „ги навлекуваат“ противниците да има контакт во шеснаесетникот“, објаснува Клатенбург, но потенцира дека ни играчите на Ливерпул не се ништо подобри.

„Клоп нема право да се жали затоа што Садио Мане го направи истото на дуелот против Саутхемптон. Клоп е лицемер, затоа што и Мане и Салах многу лесно паѓаат во шеснаестникот и се обидуваат да изнудат пенали. Уште од времето на Сер Алекс Фергусон не сум видел некој да врши толку голем притисок пред важен меч како што сега тоа го прави Клоп. Очигледно е дека не сака да губи, но не е во право кога зборува дека играчите на Манчестер се заштитени. Вистина, беа заштитени додека Фергусон беше на клупата, но сега веќе не се“, вели во својата колумна судијата Клатенбург.

 

- Оглас -

Најнови вести