Од времето на Роберто Карлос и Жунињо немало ваков гол од 35 метри (Видео)

Алмерија со 3:2 славеше над Жирона во меч од десеттото коло во шпанската Примера дивисион. Домаќините одиграа одлично прво полувреме, во кое постигнаа три погодоци и стигнаа до убедлива предност од 3:0.

Во вториот дел, гостите заиграат подобро, постигнаа два гола, но не успеаја да се спасат од пораз. Од сите пет погодоци, најатрактивен беше голот на Ембарба во 38-мата минута за 3:0, со шут од слободен удар од 35 метри. Во не толку далечно минато, вакви голови од слободен удар со шутеви од над 30 метри постигнуваа Роберто Карлос и Жунињо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести