Одбраната на Рајо е како швајцарско сирење, Ињаки и Нико Вилијамс братски го „нападнаа“ Димитриевски (Видео)

Одличен меч се игра во Билбао и по првото полувреме Атлетик Билбао води со 3:1 против Рајо Валјекано, а и буквално страда нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски поради слабата одбрана на гостите од Мадрид.

Рајо поведе со голот на Оскар Трехо, а потоа продолжи лошо и Димитриевски често беше на ветрометина, сам против напаѓачите на Атлетик.

Два гола му дадоа браќата Вилијамс, Ињаки и Нико, а еден постигна и Сансет, па Атлетик има голема предност од 3:1 по првиот дел.

Домаќините постигнаа уште еден гол, стрелец беше Ињаки Вилијамс, но Рајо и Димитриевски имаа многу среќа, бидејќи играчот со најдолга низа настапи во Ла Лига без прекин беше за малку во офсајд.

 

- Оглас -

Најнови вести