Одбиена жалбата на Наполи, службениот пораз од Јувентус останува

Раководството на Серија А ја одби жалбата на Наполи за поништување на службениот пораз од 0-3 за неодигрување на дербито против Јувентус. Наполитанците не отпатуваа за Торино поради два активни случаи на ковид-19, од кои еден беше Елиф Елмас, македонскиот репрезентативец.

Според Серија А, Наполи го прекрши протоколот на лигата, а воедно сами си креираа алиби за да не се појават на „Алијанц стадионот“, каде што во меѓувреме тимот на Јувентус чекаше противникот да се појави.

Исто така на сила останува одземениот бод, додека од таборот на Наполи најавија дека ќе се жалат и во Судот за човекови права.

 

- Оглас -

Најнови вести