Македонската одбојкарска репрезентација загуби од Финска со 1-3 во сетови против Финска во полуфиналето на Европската Сребрена лига, и останува без шанса да го освои првиот трофеј во ова натпреварување.
На финалниот турнир во Будимпешта, нашите одбојкари го освоија само вториот од четирите сета кои се одиграа. Резултатот по сетови беше 25-22, 20-25, 25-18, 25-16.
Поразов потврди продолжување на две црни традиции: секогаш губиме од Финска (0-3 во меѓусебните дуели) со 1-3 во сетови, и испаѓаме во полуфинале на секои четири години (претходните порази беа во 2014 и 2018 година).
Сега за избраниците на селекторот Ратко Павличевиќ претстои нов предизвик, да победат во мечот за трето место против поразениот од другото полуфинале помеѓу Романија и Унгарија, за да избегнеме втор пат да бидеме четврти на фајнал-фор. Македонија има шест медали во ова натпреварување, но ниту едно злато.