Одбојкарите од денеска во Љубљана, утре ќе тренираат во „Стожице“

Македонските одбојкари ги одработија сите четири тренинзи во Марибор и се упатија кон Љубљана, каде што од четврток до следниот вторник ќе ги играат натпреварите од групата Ц на Европското првенство за мажи. Првиот меч е против Финска, а примачот Александар Љафтов најавува борба за секој поен.

„Прв натпревар е, можеби ќе има трема, мал грч, но дури и да го загубиме првиот сет, не треба да се предаваме, туку да се бориме до крај за секој поен. Знам дека можеме да го направиме тоа”, вели Љафтов.

Фаворитската улога му ја препуштаат на противникот, но Ристо Николов смета дека Македонија е поквалитетна и верува дека в четврток ќе ја израдуваат јавноста кај нас.

Со Финска досега смета немале дуели, па отсуствува таков параметар за споредба на силите. Финска има голем играчки потенцијал, во Европската лига, во квалификациите за ОИ и на пријателските со Естонија ротираше две различни репрезентации барајќи го вистинскиот тим.

Македонските одбојкари првиот тренинг во „Стожице” во Љубљана  ќе го имаат утре, а задутре ќе испишат историја, со желба да биде со победа во историското прво учество на големата одбојкарска сцена.

- Оглас -

Најнови вести