Одбојкарите утре на ЕП ќе играат против тим кој вечерва победи со 3-0 во сетови

Македонскиот одбојкарски национален тим утревечер од 19 часот се среќава со Холандија во второто коло на Европското првенство, во групата која се игра во финскиот град Тампере, и нема да има лесна задача. Лалињата вечерва ја совладаа Шпанија со 3-0 во сетови и направија чекор напред кон место во осминафиналната рунда.

Македонија загуби од Финска со 1-3 и ќе има многу тежок пат до осминафиналето. Ќе треба триумф над Шпанија и против барем уште еден од фаворитите. Спартанците ќе имаат повеќе време за одмор и анализа, тоа е предноста, но Холандија покажа дека е сериозен тим и утре ќе има голема борба за бодовите.

- Оглас -

Најнови вести