Одбојкарите загубија во полуфиналето на турнирот „Чајка“

Одбојкарската репрезентација на Македонија загуби од Украина со 1-3 во сетови (21-25, 20-25, 25-22, 20-25) во полуфиналната пресметка од 43-тото издание на традиционалниот турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“.

Украинците беа многу подобри во првите два сета по кои дојдоа до предноста од 2-0, но избраниците на Матијашевиќ ги вратија своите надежи откако покажаа поголема решителност во третиот сет, кој го добија со 25-22. Иако имавме шанси за израмнување, гостите по резултат од 11-11 го повратија ритамот, а поените во клучните моменти им обезбедија финале на пријателскиот турнир.

Противникот во мечот за третото место, Македонија ќе го дознае по вечерашната пресметка меѓу селекциите на Белгија и Бугарија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести