Одбојкарката Вељковиќ се породи само пред 6 месеци, а веќе игра за Србија на ЕП

Одбојкарската репрезентација на Србија со победа од 3-0 во сетови против Босна и Херцеговина го отвори настапот на Европското првенство за жени, а во составот на Србинките кои се домаќинки на ова ЕП беше и Стефана Вељковиќ, која не играше на Олимписките игри во Токио.

Вељковиќ сака да му помогне на својот национален тим да ја освои третата европска титула по ред, иако таа роди дете само пред шест месеци.

„Кога влегов на теренот, за малку ќе заплачев од среќа. Верувам дека кога ќе помине уште малку време, работите ќе си дојдат на свое место, а до крајот на ЕП очекувам само победи и мои подобри игри“, вели 31-годишната Вељковиќ, која е сопруга на српскиот одбојкарски репрезентативец Среќко Лисинац.

- Оглас -

Најнови вести