Одбраната го чинеше Ливерпул победа во дуелот со Брајтон (Видео)

Фудбалерите на Ливерпул и Брајтон одиграа одличен натпревар на „Амекс“ стадионот на кој беа постигнати четири голови, но без победник (2:2). Црвените без бодовите останаа поради одбраната, односно лошата реакција на дефанзивците при примените голови.

Брајтон поведе во 20-та минута со голот на Адингра по катастрофалната грешка на Вирџил ван Дајк. Холанѓанецот како последен играч во одбраната, лошо додаде една топка, која ја освоија домашните фудбалери и преку Адингра успеаја да го совладаат Алисон.

Но, во финишот од првиот дел, Ливерпул за само шест минути направи пресврт и тоа благодарение на Мохамед Салах.

Тој прво во 40-та минута го израмни резултатот, а во 46-та од пенал постигна гол за 2:1, резултат кој на крајот се покажа како конечен.

Брајтон во 79-та минута успеа да израмни на 2:2 откако Данк ја искористи заспаноста на одбраната на Ливерпул по центаршутот на Марч.

На идентичен начин како Ливерпул, без победа остана и Њукасл на гостувањето кај Вест хем играјќи исто така 2:2.

Чеканите поведоа на самиот старт од мечот и тоа преку Соучек.

Но, во вториот дел, на сцена стапи Александер Исак кој постигна два гола за пет минути. Прво во 57-та минута го израмни резултатот, а во 62-та му донесе водство на Њукасл.

Чеканите во финишот, во 89-та минута успеаја да дојдат до бод благодарение на голот на Кудус.

Вулверхамптон и Астон вила одиграа 1:1

- Оглас -

Најнови вести