Одбраната на МЗТ како швајцарско сирење, Карачиќ се забавуваше и забиваше (Видео)

МЗТ Скопје прими дури 89 поени на гостувањето кај Широки Брег, а одбраната честопати беше отсутна и многу мека, па домашните кошаркари лесно ги пробиваа редовите на гостите и постигнуваа атрактивни поени.

Со забивањата предничеше Иван Карачиќ и на двапати многу атрактивно и лесно постигнуваше поени во НБА-стил. Скопјани немаа решение за домашните кошаркари, па третиот пораз по ред беше неминовен, а разликата двоцифрена, 89:77.

Погледнете ги двете многу атрактивни забивања на 21-та на Широки Брег.

- Оглас -

Најнови вести