Одбрани пенал, но наместо радост, падна на теренот и почина

Младиот 17-годишен голман Рамон Исмаил Коронел почина на теренот, и тоа само неколку моменти откако успеал да одбрани пенал. На меч од локално првенство во Аргентина, тинејџерот имал успешна интервенција на удар од белата точка, но токму кога сакал да се израдува за добрата одбрана, паднал на теренот.

На натпреварот немало амбулантно возило, па несреќниот голман со помош на дел од гледачите со пикап бил однесен во блиската болница, каде што не успеале да го спасат. Било констатирано дека Рамон починал од срцев удар.

 

 

- Оглас -

Најнови вести