Одеднаш Саинс е прв фаворит за пол-позицијата на Спа, трката в недела може да биде најинтересна годинава

Двајцата главни кандидати за титулата во Формула 1, Макс Ферстапен и Шарл Леклер, менуваа делови од моторот, па на неделната трка за Големата награда на Белгија која ќе се вози на легендарната патека Спа Франкошамп, ќе биде многу интересна и може да има изненадувачки победник.

На денешниот последен слободен тренинг, актуелниот првак Ферстапен од Ред Бул беше најбрз, зад него беше Леклер од Ферари. Но, утре на квалификациите што и да направат, двајцата ќе стартуваат од задните редови. Затоа и фаворит број 1 за пол-позиција според квотите во Sport Life е Карлос Саинс од Ферари.

Освен Ферстапен и Леклер, од последните редови ќе треба да стартуваат и Ландо Норис, Естебан Окон, Мик Шумахер и Валтери Ботас.

На брзата Спа има места за претекнување, а уште ако заврне дожд, спектаклот и неизвесноста в недела се загарантирани.

- Оглас -

Најнови вести