Одегард е позитивен на ковид-19, а пред мечот безгрижно се поздравуваше со поранешните соиграчи од Сосиедад (видео)

По ремито без голови меѓу Реал Мадрид и Сосиедад во премиеното коло од Ла Лига, тестирањата потврдија еден позитивен случај на корона-вирус во редовите на шпанскиот првак. „Марка“ откри за кој играч се работи, тоа е Мартин Одегард, норвешкиот плејмејкер кој минатата сезона ја мина на позајмица токму во Сосиедад.

Одегард беше стартер за Кралевите и играше до 70-тата минута пред да му го отстапи местото на Каземиро. Она што најмногу загрижува е потегот на Норвежанецот пред да почне натпреварот. При излегување на теренот, Одегард се поздрави со поранешните соиграчи од Сосиедад кои седеа на клупата за резерви, ризичен потег, по што лесно можел да го префрли вирусот и во таборот на баскискиот клуб.

- Оглас -

Најнови вести