Одегард направи лизгачки старт каков што не е виден во модерниот фудбал (Видео)

Арсенал без многу проблеми со 4:0 славеше над Евертон во меч од Премиер лигата. Со таа победа Топчиите се зацврстија на чело на табелата со пет бода повеќе од Манчестер сити.

Еден од најзасужните за овие резултати на Арсенал е капитенот Мартин Одегард. Тој е вистински лидер на теренот, а тоа го потврди и против Евертон, кога постигна еден гол. Освен погодокот, Одегард на овој меч имаше и еден посебен потег покажувајќи голема фудбалска интелигенција.

Одегард и еден играч на Евертон тргнаа да освојат една топка, двајцата влегоа со лизгачки старт, но во последен момент Одегард се исправи и елегантно ја освои топката.

- Оглас -

Најнови вести