Оди во Веспрем, сака титула со Вардар: Остана само уште еден чекор, ајде Вардар

Рожерио Мораеш ќе игра за Веспрем од идната сезона, но вечерва од 18 часот ќе го даде и последниот атом за победа на Вардар против неговиот иден клуб во финалето на Лигата на шампионите во Келн.

Мораеш веќе се договори со унгарскиот клуб, а испрати порака дека ќе се бори како лав за титулата да допатува во Македонија.

„Ни остана само уште еден чекор. Можеме да го сториме тоа заедно. Ајде Вардар“, напиша на инстаграм, бразилскиот ас.

Рожерио и соиграчите вчера приредија невиден подвиг, а Вардар е првиот клуб на Ф4 турнирите што успеал од минус 7 на полувремето, да победи и да се пласира во големото финале. Падна големата Барса, а Мораеш вели дека Вардар може до подвиг и против Веспрем, со што на најубав можен начин би се простил од „црвено-црниот“ дрес.

https://www.instagram.com/p/ByNM7W1HAed/?utm_source=ig_web_copy_link

- Оглас -

Најнови вести