Одиграа 244 меча, за првпат ќе има и Американец на најголемото фудбалско дерби

Сержињо Дест е во стартниот состав на Барселона и е прв фудбалер од Соединетите Американски држави што ќе игра на популарното Ел Класико против Реал Мадрид.

Од 16 часот ќе почне најголемото фудбалско дерби на светот, досега Барселона и Реал Мадрид одиграа 244 натпревари и за првпат на мечот со реден број 245 ќе настапи фудбалер од САД.

Дест летоска пристигна во Барселона од Ајакс и доби шанса од Роналд Куман да биде стартер денеска против вечниот ривал Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести