Одигран најлошиот меч во НБА лигата во последните осум години (Видео)

Во модерното доба на НБА лигатата многу ретко се гледаат натпревари како тој што ноќеска беше доигран во „Медисон сквер гарден“ во Њујорк. Филаделфија на гостински терен успеа да го победи Њујорк и тоа со 79:73. Ова беше првиот НБА меч од јануари 2016 година на кој двата тима постигнуваат помалку од 80 поени.

Американските медиуми известуваат дека кошаркарите покажале „срамотна напаѓачка неспособност, каква што не е видена осум години“. Филаделфија победи со само 38,8 отсто прецизен шут од игра, додека Њујорк на свој терен погоди едвај 32,5 отсто од шутевите.

Ентони Дејвис одигра фантастичен меч и на крајот заврши со неверојатна статистика од 27 поени, 25 скока, седум украдени топки, пет асистенции и три блокади, а неговиот ЛА лејкерс славеше на домашен терен против Минесота со 120:109.

Резултати: Лос Анџелес клиперс – Милвоки 117:124, Атланта – Њу Орлеанс 103:116, Мајами – Вашингтон 108:110, Орландо – Индијана 97:111, Сакраменто – Хјустон 104:112, Кливленд – Бруклин 101:120, Њујорк – Филаделфија 73:79, Оклахома – Мемфис 124:93, Лос Анџелес лејкерс – Минесота 120:109.

- Оглас -

Најнови вести