Одложен е мечот меѓу Атлетико и Атлетик – Во Мадрид се скија по улиците, нема услови за фудбал (Фото)

Услови за фудбал нема во Мадрид, луѓето дури излегоа на улиците да скијаат, а од 16.15 часот на „Ванда Метрополитано“ нема да се игра мечот меѓу Атлетико и Атлетик Билбао.

Невремето и високата снежна покривка што ги предизвика бурата „Филомена“ што беснее на Пиринеите и во Шпанија и во Португалија е причина за одложување на дуелот во Мадрид.

Многу проблеми со снегот имаше и Реал Мадрид, но по цела одисеја и доцнење со летот, експедицијата на Кралевите пристигна во Памплона во очекување вечерва од 21 часот да го игра дуелот со Осасуна на „Ел Садар“.

 

- Оглас -

Најнови вести